Козметичкиот бренд Tan-Luxe ја ангажираше популарната американска медиумска личност Парис Хилтон за промоција на својата нова линија на спрејови за тенирање.
Во централниот спот на кампањата, Хилтон добива задача од извршниот директор на компанијата, Марк Елрик, да смисли слоган за новата линија на производи. За таа цел, Хилтон бара помош од својата виртуелна двојничка создадена со вештачка интелигенција.
Додека двете Хилтонки разменуваат мислења, хумористично проткаени со популарните изрази на американската ѕвезда, во собата се телепортира и трета верзија на Парис, овој пат испратена од 20 години во иднината.
Со нејзина помош, Хилтонките ја формулираат и конечната верзија на слоганот: “The future looks good on you” („Иднината изгледа добро на тебе“).
„Од идеја до формулација, Парис и тимот на Tan-Luxe работеа неуморно за да создадат иконичен производ кој ја отелотворува суштината на луксузот, иновативноста и беспрекорното тенирање“ – се истакнува во соопштението на брендот.