Денес (26 јули) започнува 33-то издание на Летните олимписки игри, кои што ќе се одржуваат во Париз до 11 август. Еден од најголемите спортски настани во светот беше искористен од бројни брендови, кои по тој повод ги објавија своите нови кампањи.
Некои се одлучија да го слават заедништвото – како Coca-Cоlа, други се фокусираа на уживањето – како Corona, трети се осврнаа на индивидуализмот – како Nike, а четврти дури и на надреализмот – како OMEGA. На денот кога почнуваат Игрите, ви го пренесуваме и новиот видеоспот на самите организатори – Меѓународниот олимписки комитет.
Спотот не претставува ништо иновативно или спектакуларно, но нуди еден одличен колаж на снимки од подготовките за Олимписките игри. Одавајќи им почит на работниците, организаторите, спортистите и фановите, краткиот филм покажува дека Игрите се резултат на колективен напор на сите вклучени страни – обединети како олимписките кругови со една заедничка цел.
Париз е подготвен, дали сте вие?