Патување со воз од Загреб до Копривница и назад, преку кое се обележани сите историски фази од развојот на овој култен хрватски производ.
По повод 60-годишнината од Вегета, Подравка, во соработка со агенциите Брукета & Жиниќ & Греј и Бригада, поведе гости на 60-годишно патување. Станува збор за уникатно патување со воз од Загреб до Копривница и назад, преку кое ги обележаа сите историски фази од развојот на овој култен хрватски производ.
Најпрво, низ патувањето со воз гостите беа вратени во 1959 година во Копривница, кога беше создадена Вегета. Таму беше организирана програма во старата фабрика на Вегета со претстава за пронаоѓачот на Вегета, Злата Бартл. Враќањето на гостите во Загреб служеше како времеплов назад во 2019 година, при што секој вагон беше уреден во стилот на една од декадите.
По тој повод, за прв пат во Хрватска, патничките вагони беа комплетно преуредени во ресторан за настанот.