Маркетинг агенцијата Ogilvy, дел од мрежата на WPP, ја назначи Пату Нојтеманс за генерална извршна директорка за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Нојтеманс доаѓа на местото на Пол О’Донел, кој ќе продолжи како претседател на агенцијата за истиот регион и тесно ќе соработува со неа.
Глобалниот извршен директор на Ogilvy, Енди Мејн, истакна: „Секој кој ја имал можноста да работи со Пату ќе ви каже дека таа не само што негува култура на креативна, стратешка и оперативна извонредност, туку и води со емпатија и сочувство“, додавајќи: „Не можев да помислам на поквалификуван лидер што ќе придонесе за раст на нашите клиенти во регионот, ниту подобар партнер на нашиот глобален лидерски тим додека ја водиме Ogilvy во иднината.“
Пату Нојтеманс за прв пат се приклучила на Ogilvy во далечната 1993 година. Пред да биде назначена на новата функција, таа ја вршела дејноста на глобален директор за развој, а пред тоа била регионален извршен директор за Блискиот Исток и Северна Африка, каде трансформирала 11 агенции во една интегрирана, ефикасна и модерна маркетинг агенција во форма на Memec Ogilvy.
Уште порано, таа работела како генерален дигитален директор за Европа, Блискиот Исток и Африка, како и генерален извршен директор на агенцијата Ogilvy & Social Lab Brussels во матичната Белгија. Во своите 15 години како генерален дигитален директор, таа раководела со бројни дигитални трансормации и кампањи на брендови како British Airways, IKEA, IBM, Nespresso, Nestlé, Philips, Unilever и Vodafone.