Мексиканскиот бренд на текила Patrón создава возбудлив ритам во чест на луѓето кои на пијалакот му даваат суштински квалитети и карактер.
Во неодамна лансираната реклама со наслов “Our Hands” („Нашите раце“), брендот комбинира визуелно впечатливата кинематографија со перкусивен ритам, ставајќи ги „занаетчиите“ на текила – ферментатори, дестилатори и флашери – во фокусот на кампањата.
„Занаетчиите“ се облечени во шарена традиционална облека, носат стоички израз на лицето и плескаат со рацете во кореографски ритам, повремено дополнувајќи го плескањето со удирање на буриња текила и други импровизирани инструменти.
Сценографијата е импресивна, составена од далечни и високи планини, темни и зачадени живеалишта, полиња со агавe кои ја покриваат бронзено-обоената почва. Спотот е целосно снимен во Hacienda Patron, единственото производно место на брендот, лоцирано во висорамнините на мексиканската држава Халиско.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Mullenlowe Los Angeles и продукциското студио Loveboat.