Payoneer, технолошка компанија за платежни трансакции што овозможува плаќања и раст во новата глобална економија, најави дека ќе го промени својот бренд за да ја одрази моменталната позиција на пазарот и визијата за доверлив глобален партнер за дигитална трговија на било кое место.
Новиот бренд означува ново поглавје во развојот на оваа револуционерна финансиско- технолошка компанија од млад иноватор до лидер во секторот кој планира да започне да тргува на берза под името PAYO овој месец со корпоративна вредност од околу 3,3 милијарди долари.
Основана во 2005 година како финансиско – технолошка компанија, Payoneer се појави во екот на глобалната транзиција кон дигиталната трговија која што не познава граници. Денес, оваа компанија е во центарот на тој развој.
„Ова е ера на отворена трговија“, изјави Скот Галит, генерален директор на Payoneer, “ера кога целиот свет работи на едно дигитално ниво и секој, на било кое место, има можност да го реализира својот потенцијал. Ова е реалноста за која отсекогаш сме се стремиле. Со оглед на тоа што влегуваме на берза и гледаме напред, нашиот нов бренд е дизајниран да го поттикне напредокот на компанијата, при што остануваме верни на својата цел: да креира, проектира и инспирира универзална иднина на трговијата, заедно со милиони клиенти и партнери ширум светот.“
Новата боја на брендот на Payoneer е „универзална“ и го рефлектира ветувањето дека компанијата е тука за секого на кое било место. Новиот симбол е кругот кој се нарекува нарекуваме UNO, бидејќи тоа означува универзални можности (UNiversal Opportunities). Опкружува и заокружува сè. Еден ентитет, целосно споен и поврзан, на повеќе места од кој било друг.
“Постојат многу актери во развиениот сегмент на плаќања и финансиски услуги, но Payoneer е единствен по ширина, длабочина и интегритет на своите глобални екосистеми. Тоа е вистинска универзална компанија со оптимистичка глобална перспектива која што обединува пазари, системи, компании и претприемачи на било кое место во светот. Затоа, новиот симбол на Payoneer ги рефлектира безбројните можности кои се на располагање преку неговите бројни производи, услуги и платформи“, рече креативниот директор Џејсон Луингс за овој проект.