Компанијата за финансиски технологии PayPal потврди дека размислува за лансирање на сопствена криптовалута.
Шпекулациите за новата криптовалута на PayPal се појавија кога софтвер-девелоперот Стив Мосер во кодот на мобилната апликација на PayPal открил референци кон криптовалута наречена PayPal Coin. Исто така, Мосер открил споменување на уште една непозната криптовалута – Neo.
Накратко потоа, компанијата во изјава за новинската агенција Bloomberg потврди дека размислува за лансирање на сопствена криптовалута од типот на “stablecoin” – односно криптовалута чија вредност е поврзана со физичка валута, во случајот американскиот долар.
PayPal во моментот им дозволува на своите корисници да купуваат, продаваат и држат од криптовалутите Bitcoin, Bitcoin Cash, Ethereum и Litecoin.