Со преку 70 000 посетители и 1 600 огласи дневно, со право го носи епитетот на најголем онлајн пазар во Македонија…
Кога ќе се погледнат бројките, лесно е да се погоди дека станува збор за сервисот Пазар3 (www.Pazar3.mk) кој на корисниците и компаниите веќе 12 години им овозможува брзо, лесно, ефективно и безбедно огласување и продажба, а на купувачите доверливо место за пазарување од удобната фотеља во домот.
Со секоја измината година успехот на Пазар3 расте, а расте и бројот на задоволни купувачи. Било да сакате да купите автомобил, бaрате работа или можеби сакате да изнајмите стан, Пазар3 стана незаменлив чекор од донесувањето на одлуката.
Како предводници на е-трговијата во Македонија, од компанијата нудат и едноставно решение за отворање на веб продавница, па така секоја компанија може брзо и едноставно да биде дел од најголемото место за тргување во Македонија кое на месечно ниво го посетуваат над 2 милиони посетители. Со ова решение ќе се надмине проблемот што го имаат компаниите со малиот број на посетители на нивните сопствени веб продавници и нивните производи и услуги инстантно ќе се најдат пред огромна публика која веќе е навикната да разгледува и пазарува од страните на Пазар3.
Дополнителна можност за истакнување на Вашата компанија или производите и услугите кои ги нуди, претставува и можноста за рекламирање преку повеќе формати на банери таргетирано според географско подрачје, преференции на посетителите, по различни категории и сл.
Успешната приказна од Македонија, пополека се прелева и во нашето соседство, каде Пазар3 направи експанзија и своите услуги веќе ги нуди и во уште 4 нови пазари: Србија (https://www.mojtrg.rs/), Црна Гора (https://www.mojtrg.me/), Косово (https://www.merrjep.com/) и Албанија (https://www.merrjep.al/)
Последна новина на Пазар3 е Android апликацијата. Сега можете да пристапите до сајтот побрзо и полесно од кое било место, во кое било време. Апликацијата може да се симне бесплатно од ОВОЈ ЛИНК, и преку неа можете да поставувате или разгледувате огласи и директно да контактирате со огромната база на огласувачи и компании.
Гордост е кога една македонска компанија која фактички го разви сегментот на онлајн трговија во државава, ќе се развие успешно и на регионално ниво и оттаму со нетрпение очекуваме да слушнеме за новите подвизи и пазари кои ќе ги освојува овој домашен сервис.