Регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ) има некои од најбрзо растечките пазари за дигиталнo огласување во Европа, но тие исто така се најмалку зрели пазари, како и најподложни на ризиците од Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), се наведува во новиот извештај на IAB Европа.
Извештајот AdEx Benchmark 2017 забележа дека седум од 11 пазари во Централна и Источна Европа растат побрзо од европскиот просек од 13,2%, а предводат Белорусија (33,9%), Србија (23,7%) и Русија (21.9%). Чешка (18,7%), Словенија (18,4%), Унгарија (16,7%) и Романија (16,1%) исто така оствариле натпросечен раст на инвестициите во дигиталното огласување. Под просечни бројки бележат Полска (11,7%), Хрватска (10,7%), Бугарија (10,4%) и Словачка (4,4%).
Кога станува збор за инвестирањето во дигитално огласување по глава на жител – што е мерен податок кој помага во проценка на зрелоста и степенот на развој на пазарот – сите земји од Централна и Источна Европа се под просекот. Со 60,5 евра по глава на жител, само Чешка е блиску до европскиот просек, кој изнесува 64,4 евра.
Унгарија (26,0 €), Полска (23,9 €), Словачка (23,5 €), Русија (22,8 €), Словенија (22,7 €) и Хрватска (11,4 €) забележале двоцифрени износи, додека едноцифрени резултати имаат Бугарија (4.9 €), Србија (4.1€), Белорусија (4.1€) и Романија (3.1€).
За споредба, инвестициите по глава на жител во Велика Британија, најнапредниот пазар за дигитални огласи во Европа, изнесуваше 240 евра во 2017 година.
Повеќе информации на следниот линк.