Секторот на домашни кина достигна вредност од 7,7 милијарди долари минатата година. Според новите податоци на компанијата Grand View Research, се очекува да раст од 8,3% на годишно ниво, па до 2025 година пазарот би требало да достигне вредност од 13 милијарди долари.
До неодамна, на пазарот доминираа уредите „Home theater in a box“, кои содржат плеер, звучници, засилувачи, далечински управувачи, кабли и сè друго што е потребно за составување домашно кино. Сепак, неодамна, доминацијата по бројот на продадени примероци полека ја преземаат soundbar уредите, поради нивната компактност и едноставноста за инсталирање.
Повеќето домашни кина сеуште се продаваат офлајн во физички продавници (80% во текот на 2018 година), но тоа може да се промени во следните десет години. Исто така, се очекува дека пазарот на домашно кино во иднина може да се карактеризира со производи засновани на безжична технологија, а интеграцијата со мобилните уреди на корисниците (паметни телефони и таблети) може позитивно да влијае на побарувачката на пазарот на домашни кина.
Yamaha, Sony, Samsung, Pioneer, Philips, Panasonic, LG, Bowers & Wilkins и Bose се меѓу позаслужните производители присутни на овој пазар.