Во својот годишен извештај за маркетинг технологиите, Martech Report, меѓународната сметководственa куќа Мур Стивенс, заедно со WARC, ја процени вредноста на глобалниот пазар на маркетинг технологии на 99,9 милијарди долари.
Студијата спроведена меѓу повеќе од 800 брендови и агенции од Северна Америка, Азија-Пацифик и Европа, беше лансирана со цел подобро да се разберат потенцијалните можности и да откри не само голем пазар кој веќе постои, туку и пазар кој експоненцијално расте. Притоа, брендовите очекуваат да ги зголемат своите инвестиции во маркетинг технологијата во годината што следи, а ова особено се однесува на Европа (со исклучок на Велика Британија), каде што речиси две третини (63%) се изјасниле дека очекуваат зголемување на овие буџети.
Во Велика Британија и Северна Америка брендовите го зголемиле нивниот буџет за маркетинг технологии за 44%, што значи дека на пазарот во Европа вреди до 52 милијарди долари. Овие брендови трошат речиси една четвртина (23%) од нивните буџети на маркетинг технологии, што е значително зголемување во споредба со 16% пред 12 месеци. Интересно е тоа што брендовите во Велика Британија и Северна Америка, исто така, сакаат да трошат на in-house технологија.
63% од буџетот за технологија се троши in-house, во споредба со 44% минатата година. Во компанијата Мур Стивенс веруваат дека овие бројки ја поттикнуваат желбата на брендовите да постигнат квалитет во корисничкото искуство, но и дека постои и елемент на недоверба во агенциите.
Дамјан Рајан, партнер во Мур Стивенс, ги коментираше овие наоди: “Инвестирањето во маркетинг технологијата достигна преломна точка во изминатите 12 месеци. Веќе етаблирани огласувачи во индустриите кои се на удар на дисрупција, како што се осигурување и финансиски услуги, сфаќаат дека треба да инвестираат, доколку сакаат да се обезбедат во иднина и ја гледаат маркетинг технологијата како клучна област за инвестирање. Погледнете ја само најновата најава од Nationwide Building Society за инвестиција од 1 милијарда фунти во технологијата. Да се остане релевантен е клучно, но борбата со новиот вид на конкуренција, како што Revolut, ве тера на големи промени. “
“Сето ова време и агенциите се борат да останат релевантни. Јасно е дека маркетерите сакаат да изградат сопствена сила и се подготвени да трошат повеќе на маркетинг технологија со цел да останат конкурентни. Нашето истражување открива дека овие буџети доаѓаат од медиумските трошоци и ќе имаат значително влијание на вредноста на медиските агенции “.
Гледајќи го глобалниот пазар, оние кои велат дека нивните буџети ќе се зголемат, очекуваат дека ќе се зголемат за просечно 13%. Стапката на раст на овој пазар уште подобро се гледа во фактот дека еден од пет маркетери очекува зголемување од повеќе од 25% во нивните буџети за маркетинг технологија во текот на следната година.
Мур Стивенс и WARC, исто така, ги разгледуваа и специфичните технологии кои стојат позади овој пазар во развој. Можеби тоа не е чудно што на глобално ниво, е-поштата и понатаму ќе биде најверојатна дестинација за инвестирање во маркетинг технологија, што може да се очекува, бидејќи ја користи 79% од пазарот. На второ место се социјалните медиуми, каде што моментално 77% се користи оваа технологија, а дополнителни 18% се очекува да ја користат во текот на следните 12 месеци.
Интересно е тоа што повеќето од следната година планираат да повеќе да работат на оптимизација, добро позната маркетинг дисциплина, но дисциплина која постојано се менува заедно со алгоритмите кои влијаат на неа. Најголем раст на пазарот на Велика Британија и Северна Америка, е забележан во употреба на маркетинг технологија за аналитика, мерење и увид, а 75% од испитаниците искажале интерес за оваа област, што претставува пораст од 19% во однос на претходната година.
Истражувањето покажа дека најнапредна технологија која моментално се користи е Internet of Things (IoT) и поврзаните уреди. На второ место е гласовната технологија, која забележа брз развој во текот на изминатата година, што влијае на начинот на пребарување на интернет и носи напредок во областите како е гласовната оптимизација. Веројатно ќе се појават и нови алатки за маркетиг технологијата, а кога ќе поделат резултатите по региони, Велика Британија, најверојатно, ќе биде најнапредна во однос на гласовното пребарување, со 36% од испитаниците кои велат дека моментално користат алатки во оваа област, како и дополнителни 11% кои го планираат тоа во следните неколку месеци.