Брендовите трошат 16% од своите маркетинг буџети на маркетинг технологии, а се очекува дека овие буџети ќе пораснат за 10% во наредните 12 месеци
Едно ново истражување која ја проценува моменталната и идната состоја на индустријата на маркетинг технологии (martech) покажа дека овај пазар во САД и Велика Британија расте експоненцијално, бидејќи побарувачката за нови алатки и понатаму расте.
Истражувањето кое оваа недела го објави глобалната сметководствена компанија Moore Stephens и WARC, глобалното тело посветено на ефикасноста на огласувањето и медиумите, вклучи повеќе од 500 британски и северноамерикански брендови и агенции и потврди дека индустријата на маркетинг технологии цвета.
Резултатите покажале дека брендовите во просек трошат 16% од својот маркетинг буџет на меркетинг технологии. Истражувањето исто така откри дека вредноста на martech индустријата за овие два пазари се проценува на 34,3 милијарди долари.
Маркетерите најчесто користат martech алатки за електронска пошта и тоа моментално опфаќа 85%. Исто така, повеќето користат алатки за социјални медиуми и CRM, a алатки за оптимизација на искуствата и соработката моментално користат околу третина од испитаниците (37%). Меѓутоа, овие последните имаат изгледи за значаен пораст. Истражувањето открива дека дополнителна четвртина од испитаниците ќе инвестираат во алатки за оптимизација наискуствата и соработка во наредната година.
Многу компании сакаат да го зголемат вложувањето во маркетинг технологиите: речиси половина (46%) од големите брендови во Велика Британија и повеќе од третина (38%) во САД, сакаат да ги зголемат своите инвестиции во наредните 12 месеци. Само 7% од американските компании и 4% од британските, сакаат да ги намалат овие инвестиции.
При разгледувањето на она што маркетерите ги спречува во имплементација на martech алатките, намногу се наведуваат ограничените буџети (42%). Кога се во прашање маркетинг и комуникациските агенции, 57% од нив наведуваат дека главна препрека за инвестирање е недоволното разбирање на достапните маркетинг технологии, додека истото го наведуваат и четвртина од анкетираните брендови.