Според новото истражување објавено од ResearchAndMarkets, пазарот на мобилно плаќање ќе продолжи да расте во наредните години, а неговата вредност до 2022 година би требало да изнесува 1,3 билион долари.
Се забележува голем пораст на платформите за мобилно плаќање како во развиените пазари, така и на пазарите во развој, а за 2019 година се споменува динамичен пазар, како резултат на многубројни компании кои влеглегоа на пазарот (Amazon, Facebook и компании од пазарот на мобилни уреди, како што се Apple, Google, Samsung и Huawei). Платформите како што се Google Pay, Samsung Pay, Apple Pay, Huawei Pay и Xiaomi Mi Pay се заслужни за ширување на мобилните плаќања.
Со истражувањето се опфатени мобилните плаќања преку дигитални паричници, NFC, QR кодови, трансфер на пари преку СМС, што вообичаено се алтернативи на класичните плаќања во готово и класични плаќања со кредитни картички.
До 2022 година, пазарот би требало да забележи зголемување на растот на вредноста од сегашните 348 милијарди долари на 1,3 билиони долари. Истражувањето, исто така, ги споменува телекомуникациските оператори кои нудат свои мобилни услуги за плаќање.