За време на годишната NewFronts конференција на IAB (2 – 5 мај), стриминг-платформите Peacock и Amazon Prime Video претставија паралелни тестови за имплементирање виртуелно пласирање на производи (“virtual product placement”).
Peacock на NBCUniversal претстави два типови на виртуелни реклами – “In-Scene ads” и “Frame Ads”. Првите ќе дозволат вметнување на производ или порака во содржините кои ќе се стримуваат при нивната пост-продукција, додека пак вторите ќе користат кориснички податоци за прикажување на контекстуално-релевантни маркетинг пораки и понуди.
„Поголемиот дел од корисниците на Peacock се одлучуваат за нашето искуство поддржано од реклами и ние остануваме фокусирани на соработка со нашите бренд-партнери за да развиеме иновативни, персонализирани рекламни искуства кои продолжуваат да го подобруваат корисничкото искуство“ – посочи Џон Џели, постар потпретседател за производи и корисничко искуство во Peacock.
Паралелно, Amazon исто така тестира вметнување на виртуелни производи во видео содржини. Програмата е сé уште во бета-фаза, но на маркетерите треба да им овозможи да вметнуваат „одобрени производи“ во одбрани содржини откако завршило нивното снимање.