Според едно скорешно истражување на UNICEF, како резултат на затворањето на училиштата во последните две години поради пандемијата, стапката на детска писменост е намалена и децата биле помалку самоуверени во читањето на глас во домашни услови.
Со оглед на тоа што домашните миленици, пред сé кучињата го вадат најдоброто од луѓето, брендот на производи за домшни миленици Pedigree ја лансираше кампањата Dogphonics, наменета за децата од Нов Зеланд, поттикнувајќи ги да им читаат на глас на своите миленици.
„Миленикот е добар слушач, некој кој е екстремно трпелив, полн со љубов и никогаш не осудува“ – појаснуваат од Colenso BBDO, креативната агенција која стои позади кампањата.
Како дел од оваа иницијатива, Pedigree и Colenso BBDO публикуваа пет книги кои сигурно ќе го привлечат интересот на четириножните слушатели, а ќе го намалат стресот кај младите читатели.
Книгите се достапни преку Amazon и избрани книжарници во Нов Зеланд, при што 100% од приходите ќе бидат донирани кон програми за вдомување на кучиња од стационари.