Брендот на производи за домашни миленици Pedigree, во партнерство со веб-платформата за вдомување миленици Adopt-a-Pet, лансираа заедничка кампања за американскиот пазар насловена “Rescue Doodles” („Спасувачки цртежи“)
Кампањата се состои во следното: децата можат да си нацртаат куче какво што замислуваат, да го испратат цртежот на специјален број, и потоа нивното семејство да биде поврзано со соодветен миленик за вдомување во некој близок стационар.
Кампањата се остварува со помош на систем базиран на вештачка интелигенција кој автоматски ги препознава и поврзува детските цртежи со достапни кучиња за вдомување.
„Оваа програма е уникатна во што зема една едноставна, секојдневна активност за децата – цртање – и ја претвора во забавен начин да додадете нов член на семејството“, вели Жан-Пол Јансен, потпретседател за маркетинг во матичната компанија на Pedigree, Mars Petcare, за регионот на Северна Америка.
Кампањата се реализира со помош на огласувачката агенција BBDO New York.