Сé позабележителен тренд во адвертајзингот се кампањи кои повикуваат на технолошка „детоксификација“ и укажуваат на опасностите од зависноста од социјалните мрежи.
Кон оваа иницијатива се приклучи и канадската пекара Ace Bakery, која направи специјална дрвена кутија во која луѓето может да ги „скријат“ своите мобилни телефони за време на оброкот. Според компанијата, оваа кутија наречена “Breadblox”, претставува модерна варијанта на кутијата за чување на леб (т.е. “Bread box”).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Mosaic од Торонто и е осмислена врз основа на принципот „надвор од видот – надвор од мислите“. Односно, кутијата ги „маскира“ мобилните телефони надвор од видокругот на потрошувачите, но истовремено и го блокира сигналот, па така луѓето не мора да се грижат дека ќе пропуштат нешто „важно“.
„Сакаме да кажеме дека оброците се свето време за поврзување со оние за кои се грижиме најмногу, но овие моменти често се нарушени со присуствот на мобилни уреди. Не е доволно дури и да ги исклучиме телефоните, бидејќи самото нивно присуство ни претставува нелагодност. Ние не сакавме само да им кажуваме на луѓето дека треба да се дисконектираат, туку да понудиме и алатка со која ќе можат тоа да го сторат,“ истакна Џес Вилис од агенцијата Mosaic во однос на лансирањето на кампањата.
Кутијата беше ставена и на продажба онлајн по цена од 40 долари, при што првата серија веќе беше распродадена, а најавено е лансирањето и на втора серија.