Италијанскиот бренд на обувки Geox го консолидираше партнерството со креативната агенција M&C Saatchi и ја претстави новата амбасадорка на брендот: шпанската актерка и холивудска ѕвезда Пенелопе Круз. Токму иконата на медитеранската убавина со сета нејзина автентичност е заштитното лице во новата кампања на Geox за колекцијата есен-зима ’23/’24.
Кампањата ни пренесува еден ден од животот на Пенелопе, покажувајќи ги многуте начини на кои таа ја практикува женственоста: преку утринска прошетка по улиците на нејзиниот град, релаксација во блискиот парк за време на попладневните часови и на кино во магичната зимска вечер.
Имиџот на Пенелопе во сите овие ситуации е оној на лежерна и спонтана жена, која се соочува со животот решително и со голема самодоверба. Динамична жена, која избира разновидна и удобна облека и обувки, но никогаш не се откажува од својот „кул“ стил.
Преку актерката, всушност, кампањата успешно ја раскажува широката разновидност на производи и прилики за нивно носење што Geox ги нуди: од патики до штикли, кои на жените им овозможуваат да се чувствуваат добро во секој момент од нивното секојдневие.
Покрај видео спотот кој ќе се емитува на телевизија, кампањата исто така ќе вклучува принт реклами, билборди и активности на социјалните мрежи. Кампањата е дело на миланската канцеларија на M&C Saatchi, додека пак продукцискиот дел бил реализиран од студиото Utopia.