Брендот за безалкохолни пијалоци Pepsi го најави лансирањето на лимитирана серија на нов газиран пијалок инспириран од вкусот на топло какао со маршмелоу, кој ќе го носи името “Cocoa Cola” т.е. Какао Кола, при што човек не може да не забележи дека името истовремено алудира и на нивниот најголем конкурент.
Најавата на новиот пијалок започна со твит во кој Pepsi ги праша своите фанови – „Што има послатко од кажувањето „збогум“ на најлошата година?“, при што одговорот беше новата Какао Кола. Pepsi потоа побара од фановите 2021 ретвитови доколку тие би сакале да го пробаат новиот пијалок.
Очекувано, бројот на ретвитови беше брзо постигнот, по што компанијата објави дека наскоро ќе ја лансира и првата серија од пијалокот, веројатно на почетокот од новата 2021 година.