По повод Националниот ден на хамбургерите во САД (27 мај), брендот за безалкохолни пијалоци Пепси лансираше едноставна, но ефективна кампања со која себе се истакнува како подобра опција за спарување со брза храна отколку својот најголем конкурент Кока Кола.
Кампањата ги користи препознатливите пакувања на брендовите за брза храна McDonald’s, Burger King и Wendy’s, кои имаат партнерство со Кока Кола, и на нив го препознава логото на Пепси. Рекламите илустрираат дека пијалокот „природно“ оди најдобро со хамбургери.
„Дури и кога не сме на менито, секогаш сме во сликата“ е една од пораките на кампањата. Како дел од неа, Пепси лансираше и промотивна акција за доделување бесплатни пијалоци, при што потрошувачите само треба да направат фотографија со Пепси и кој било хамбургер и да ја објават на социјалните мрежи со хаштагот #BetterWithPepsi.
Како дел од кампањата, претходно била спроведено и истражување од трета страна, кое покажало дека 60% од потрошувачите го преферираат Пепси како пијалок со оброците на трите најголеми брендови на хамбургери во државата.