Во пресрет на 54-издание на највредниот од рекламен аспект спортски настан во годината Супер Боул, Пепси го престстави својот нов слоган “That’s what i like“ (Тоа е она што го сакам).
Тод Каплан, потпретседател на маркетингот на Пепси е убеден дека љубителите на Пепси се разликуваат од оние кои сакаат други газирани пијалоци.
„Се работи за најстрасните и најлојални луѓе и тоа не само во однос на Пепси. Тие се чувствуваат добро во својата кожа, уживаат во животот и не им е грижа што мислат другите за нив“, истакна Каплан.
Така изгледа и првата од серијата од пет реклами подготвени од огласувачките агенции Goodby и Alma.
Тие покажуваат обични луѓе „кои се губат во моментот“, се разбира, уживајќи во Пепси.