Минатата година, брендот за безалкохолни пијалаци Pepsi го одбележа својот 125 роденден со претставувањето на својот нов визуелен идентитет. Неговата пазарна имплементација започна од САД, а оваа година – тој ќе започне да се применува на уште 120 пазари ширум светот.
Одбележувајќи го почетокот на обемната акција, Pepsi ги „презеде“ некои од најиконичните локации во светот, приредувајќи извонредни визуелни шоуа за присутните – користејќи разни инсталации, дронови, балони, екрани и слично.
Акцијата беше спроведена во Лондон (Британија), Варшава (Полска), Хо Чи Мин (Виетнам), Ал-Ула (Саудиска Арабија), Дубаи (ОАЕ), Лахор (Пакистан), Мумбај (Индија), Мелбурн (Австралија) и на реката Нил во Египет.
„Сакавме да покажеме како Pepsi, преку оваа промена на визуелниот идентитет, ја оживува својата бренд платформа “Thirsty for More” („Жедни за повеќе“), што е став и начин на размислување на нашата целна публика секогаш да испробува нови нешта и да живее нови искуства. А, кој подобар начин да ја илустрирате трансформацијата на брендот отколку преку овие иконични инсталации?“ – вели Ерик Мелис, потпретседател за глобален бренд маркетинг за безалкохолни газирани пијалаци во PepsiCo.
„Отсекогаш сме биле храбар бренд кој ги предизвикува конвенциите, го предизвикува статус квото и секогаш го става уживањето на прво место. Нашиот нов визуелен идентитет е храбар, неапологетичен, модерен и иконичен. Нашите обожаватели можат да го очекуваат истиот одличен вкус што тие го сакаат, но со уште повеќе извонредни и забавни искуства по кои сме познати низ музиката, спортот и културата“ – истакнува Мелис.