Синди Крафорд се враќа во еден вид римејк на рекламата за Пепси од 1992 година
Пепси се враќа во минатото за својата 120-годишнина и ја оживува ТВ рекламата од 1992 година со супермоделот Синди Крафорд. Компанијата, исто така, ја враќа својата ретро амбалажа и ќе има и турнеја со pop-up активации во САД, со цел да го одбележи своето 120 годишно постоење во светот на поп културата.
Глобалната кампања „Pepsi generations“ ќе започне со Супер Боул-от во САД, со нова телевизиска реклама наречена “Ова е Пепси” во која ќе се појави Крафорд и нејзиниот син Присли Гербер.
Кампањата ќе се спроведува во текот на 2018 година на 55 пазари ширум светот, и ќе го вклучи целото портфолио на Пепси, меѓу кои и Pepsi, Pepsi Zero Sugar и Diet Pepsi. Од 29-ти јануари Пепси, исто така, ја враќа својата ретро амбалажа на одредени избрани пазари ширум светот.
Оригиналната реклама со Синди Крафорд од 1992 година ја работеше агенцијата BBDO, и можете да го погледнете подолу.
Чад Стубс, потпретседател за маркетинг во Пепси Северна Америка, изјави: “Од кога е основан нашиот бренд пред повеќе од еден век, Пепси секогаш го претставуваше младешкиот дух и изборот на новата генерација. 2018 година ќе биде година за прослава на минатото, со прифаќање на иднината, секогаш потсетувајќи ги потрошувачите да го прават она што го сакаат и да се забавуваат во животот “.
Минатата година, Пепси се соочи со сериозни критики поради рекламата со Кендал Џенер, во кои оваа телевизиска ѕвезда донесува мир помеѓу демонстрантите и полицијата, користејќи Пепси.