Водечкиот приватен инвестициски фонд во Централна и Источна Европа Mid Europa Partners договори продажба на компанијата Књаз Милош на компаниите ПепсиКо од Америка и Карловарске Минералне Воде (KMV) од Чешка.
Поради вообичаените одобрувања од надлежните органи од областа на конкуренцијата, целокупната трансакција би требало да заврши во третиот квартал од оваа година.
Инвестицискиот фонд Mid Europa Partners го купи Књаз Милош во 2015 година заедно со компаниите Бамби и Имлек, водечки регионални играчи во своите области, кои го продолжија работњето во рамките на холдинг-компанијата Мои Брендови. Компанијата Књаз Милош е водечки производител на минерална вода и лидер во производството на вода и безалкохолни пијалоци во Србија и во регионот. Компанијата е препознаена од потрошувачите по иновативните производи кои ја позиционираа како лидер во овие категории.
По повод продажбата на Књаз Милош, Роберт Кнор, извршен партнер во фондот Mid Europa Partners рече дека Књаз Милош е уште еден пример на визија и способност една средноевропска компанија да се трансформира во компанија која е лидер во категоријата на брендови во рамките на фондот Mid Europa Partners. “Откако неодамна го продадовме Bambi, компанијата Књаз Милош, исто така, го пронајде своето место меѓу водечките меѓународни компании во истата индустрија”, рече Кнор.
Андреј Бабаче, партнер во фондот Mid Europa Partners, вели дека Књаз Милош воведе широка палета на производи и иновации во производството, а со цел да ја зајакне својата водечка позиција во категоријата вода и безалкохолни пијалаци.
“Процесот на освежување на брендот доведе до тоа компанијата да се поврзе со помладите потрошувачи преку директна дигитална комуникација. Овај иновативен раст доведе до тоа што работата се зголеми повеќе од двојно за време додека Књаз Милош беше во сопственост фондот Mid Europa Partners“, рече Бабаче и и` посака успех на фабриката во понатамошната работа, а како дел од компаниите KMV и Пепси.
Милош Стојисављевиќ, генерален директор на Књаз Милош, рече дека се горди на успехот што го постигнале заедно со фондот Mid Europa Partners и компанијата Мои Брендови.
“Со нетрпение очекуваме да се приклучиме на водечките брендови КМВ и ПепсиКо и веруваме во понатамошното продолжување на растот”, рече Стојисављевиќ.
ПепсиКо е светски лидер во производството на храна и пијалаци. Во 2008 година, оваа американска компанија ја купи фабриката Марбо, производител на грицки. Чешката компанија Карловарске минералне воде (КМВ) е најголем производител на минерална и изворска вода во Чешка.