Пред самиот крај на 2020, брендот за безалкохолни пијалоци Pepsi објави необична реклама насочена кон нивниот најголем конкурент – Coca-Cola.
Имено, Кока-Кола е позната по својата поврзаност со Божиќните и Новогодишни празници, обликувајќи го дури и современиот лик на Дедо Мраз кој сите добро го знаеме. Меѓутоа, Пепси сподели „тајна снимка“ која открива дека Дедо Мраз е всушност љубител на Pepsi Max.
Се работи за кратко видео во стил на колаж од снимки од сигурносни камери, кое прикажува како Дедо Мраз, носејќи црвена маска и возејќи црвен камион (кој потсетува на оној на Кока-Кола), застанува на бензинска пумпа да купи нешто за освежување. Наспроти она што сме навикнале, Дедо Мраз купува Pepsi Max, по што камерата зумира и го фаќа познатиот дедо „на дело“.