Coca-Cola се прослави со имиња на шишињата. Сега, редот е на Pepsi да изведе некоја голема, забавна идеја за своите пакувања – новата ‘PepsiMoji’ кампања ќе биде претставена глобално ова лето, а се состои во претставени емотикони на своите шишиња и лименки.
Претставник на Pepsi ја потврди “Say It with Pepsi” кампањата и истакна дека емотиконите ќе бидат дел од пакувањата на сите типови пијалоци на брендот – обичен, MAX и diet/light.
Центарот за дизајн и иновции на PepsiCo создаде стотици PepsiMoji дизајни, кои ќе бидат користени глобално, но и прилагодени за локалните пазари. Pepsi емотиконите за прв пат се појавија минатото лето во Канада, при што беше направена летна и празнична програма околу нив. Потоа тие се појавија и на други пазари како Русија, Тајланд и Пакистан.
Сите дизајни ја користат кружната форма на логото на Pepsi и боите сина, црвени и бела, создавајќи универазален симболички систем препознатлив за брендот.
Но, кампањата ќе ги надмине пакувањата. Други проекти во 2016 ќе вклучуваат и модна соработка со Џереми Скот, како и глобална фудбалска програма и партнерство на PepsiCo со UEFA.
Други експерименти на Pepsi со емотикони во 2015 беа глобалната Pepsi Challenge кампања со визуелни решенија со емотикони, прославата на Светскиот ден на емотиконите со кратокок дигитален филм и лансирањето на PepsiMoji тастатурата.
Погледнете неколку материјали од летната кампања во Канада.