(20.08.2020) – После многу години спонзорирање на важни настани, како што е шоуто на полувремето на Супербоул, Пепси се фокусира на ѕвездите во позадина
Навивачите на НФЛ трпеливо го чекаат враќањето на професионалната лига.
Првиот натпревар од сезоната е закажан за 10 септември, а Пепси за тоа време подготви две реклами кои ги изработи агенцијата Goodby Silverstein & Partners.
Рекламите им оддаваат признание на навивачите и напорот што го вложија во подготовките за почетокот на сезоната.
Кампањите на Пепси се познати по славните личности и енергијата. Како пример, можеме да го земеме овогодинешното шоу на Џенифер Лопез и Шакира на полуфиналето на Супербол, каде што спонзор беше, кој друг ако не Пепси.
„Тоа беше последниот, голем, култен момент после кој заглавивме на едно место заради коронавирусот“, изјави Тод Каплан, заменик претседател за маркетингот на компанијата Пепси.