Брендот за безалкохолни пијалаци Pepsi го објави својот „најамбициозен подвиг“ досега, со лансирањето на пијалак кој е прв од својот вид и газиран со азот, наместо со јаглероден гас.
Именуван како Nitro Pepsi, новиот пијалак треба да понуди покремаста пена, во верзија со стандарден вкус или со ванила.
Новиот пијалак треба да се најде на полиците во САД од 28 март, без информација дали ќе биде лансиран и на другите светски пазари.
Вообичаено досега, пијалоците со азот се точат од поголеми контејнери, но Pepsi смислиле начин како да го задржат во обична лименка.
Поради екстра-кремастата пена, Pepsi им препорачува на луѓето да ја налеваат лименката во чаша целосно вертикално, а потоа да го консумираат пијалакот без мраз и со цевка.
Од компанијата се надеваат дека азотните пијалаци се голем чекор напред и дека ќе им се допаднат на луѓето кои традиционално не ги сакаат вообичаените газирани пијалаци.