Брендот за безалкохолни пијалоци Пепси се одлучи за една поинаква празнична кампања, која има за цел поддршка на малите локални продавници во градот Њујорк.
Пепси се здружи со домаќините на подкастот The Bodega Boys, чие што име буквално значи „Момците од малите продавници“ (“bodega” e колоквијален њујоршки термин за мала продавница), со кои заедно ги посетува сопствениците на малите продавници и доделува подароци – како на сопствениците, така и на потрошувачите.
Во централниот спот од кампањата, Pepsi и The Bodega Boys го посетуваат Хуан Валерио, сопственик на локалната продавница “JJN Corp Deli and Grocery”, на кој му доделуват и паричен чек еднаков на 1 година кирија за малата продавница.
Во разговорот се истакнува дека малите продавници се пулсот на локалните заедници и имаат централна важност во културата на Њујорк. Се проценува дека во градот постојат околу 13.000 вакви продавници. Нивната важност е уште поголема во една ваква критична година како што е 2020 година.
Како дел од кампањата, Пепси исто така ги изненадувале случајните минувачи со ваучери од по 100 долари со цел поттикнување на локалното пазарење за време на празничната сезона.