Брендот за безалкохолни пијалаци Pepsi и американскиот синџир на ресторани за палачинки IHOP, лансираат лимитирана серија на газиран кола-пијалак со вкус на јаворов сируп – Pepsi Maple Syrup Cola.
Меѓутоа, пијалакот нема да биде достапен за продажба, туку ќе се доделува преку наградна игра за жителите на САД. Имено, учесниците ќе треба да фотографираат „кула“ од палачинки и потоа да ја споделат на Твитер или Инстагарам со хаштагот #ShowUsYourStack.
Пијалакот е предвидено да биде произведен во серија од 2.000 лименки, кои ќе бидат доделувани на најсреќните љубители на палачинки.
„Малку работи можат да ги пробудат сетилата како мирисот на палачинки и јаворов сируп“, истакнуваат од Pepsi, додавајќи дека не постои ништо слично како нивниот нов пијалак кој го комбинира освежувачкиот вкус на Pepsi и блажината на јаворовиот сируп.