Се воведуваат значителни промени во наградите за ефективност на WARC, во соработка со LIONS, со што натпреварот станува поголем од кога било досега.
Во својата четврта година, наградите на WARC ќе им одадат признание на најдобрите маркетинг кампањи од целиот свет кои се карактеризираат со стратешки сјај и ефективност што го поттикнуваат деловниот успех.
Суштинската промена е воведувањето на пет нови регионални натпревари за маркетинг стратегија и ефективност, и тоа за: Европа, Северна Америка, Латинска Америка, Азија-Пацифик, Блискиот Исток и Африка.
Секоја од регионалните награди ќе биде оценувана од панели составени од искусни маркетинг професионалци од некои од најголемите брендови и агенции од целиот свет. Жирито ќе доделува бронзени, сребрени и златни награди во секоја од дванаесетте категории за пријавување.
Регионалните добитници на златна награда автоматски ќе се натпреваруваат на глобално ниво и ќе бидат оценувани од реномирано „супер жири“ составено од сите претседатели на регионалните жирија. Нема да им потреба за повторно пријавување или дополнителни плаќања за кампањите кои ќе продолжат понатаму да се натпреваруваат за глобална Grand Prix награда.
Коментирајќи ги промените во наградите на WARC за 2024 година, директорот на натпреварот Џон Бизел, изјави: „Конзистентниот, ригорозен и дефинитивен пристап на WARC во оценувањето на маркетинг стратегијата и ефективноста е позначаен од кога било за брендовите, сопствениците на медиумите и агенциите кои сакаат да докажат дека можат да постигнат комерцијален успех во актуелната финансиска клима“.
Пријавувањето за наградите WARC 2024 ќе биде отворено на 24 октомри 2023 година. Раниот рок за пријавување ќе трае до 12 декември 2023 година, додека пак доцниот краен рок ќе биде 6 февруари 2024 година.
На 14 мај 2024 година ќе биде објавен потесниот избор за регионалните награди, а помеѓу 20 и 25 мај ќе бидат прогласени добитниците на бронзени, сребрени и златни награди во сите регионални наптревари.
Во периодот мај-јуни ќе се одржи натпреварот на глобално ниво, а добитниците на глобалните Grand Prix награди на WARC ќе бидат прогласени за време на фестивалската недела на Cannes Lions во јуни.
Повеќе информации за наградите на WARC можат да се најдат на следниот линк.