Сакате да знаете каков е навистина погледот од Ајфеловата кула? Ве интересираат најновите модни колекции? Не умеете да ги комбинирате намирниците и неодлучни сте во изборот на јадењето? Сакате да ѕирнете во хотелската соба пред да отпатувате?
Креативниот тим на компанијата Ketchum, една од водечките глобални консултански куќи во областа на комуникациите, ги истражи безграничните можности на виртуелната реалност (VR) и даде одговор на ваквите прашања.
Онака како што мобилната технологија го преобрази начинот на кој остваруваме контакт со потрошувачите и другите инфлуенсери, тоа истото ќе го направи виртуелната реалност.
Ги претставуваме петте предвидувања на креативниот тим на Ketchum за тоа како виртуелната реалност ќе ги промени различните индустрии и начините на кои тие остваруваат контакт со потрошувачите:
- Туризам и угостителство
Кога е во прашање туризмот, виртуелната реалност би можела да ви овозможи да ги видите местата ширум светот кои ве интересираат, како на пример величенствените водопади во Maui (Хаваи), најновите атракции во Дизни светот, како и сјајот и величенственоста на Елисејските полиња. И од социјалните мрежи такви какви што се сега, содржината на виртуелната реалност исто така ќе се споделува во големи голичини.
Го планирате вашето следно место за одмор? Автентичното искуство на брендот на хотелот ќе го почне своето влијание пред да стигнете таму. Виртуелната реалност ќе ви овозможи да го доживеете точниот распоред на просторијата на вашата хотелска соба пред да ја резервирате, а може дури да ви дозволи и да внесете некои лични измени во собата.
- Модата во иднина
Виртуелните модни писти ќе станат спектакуларно доживување за љубителите на модата. Како што можевме да се увериме кога е во прашање моќта на видео преносот во живо, искуствените настани во реално време се следниот чекор во еволуцијата на маркетингот на социјалните мрежи. Преку виртуелна реалност, модните блогери, влијателните личности и брендови можат да се информираат за најновите трендови само со помош на слушалки. Трендовите и трговијата кои стануваат се повеќе визуелни не можат да се избегнат, без оглед дали се наоѓате во продавница или во удобноста на сопствениот дом.
- Здравје и велнес услуги
Промената на навиките кога се во прашање здравјето и исхраната е постојан предизвик. Меѓутоа, благодарение на виртуелната реалност, во иднина ќе биде полесно да се направи попаметен избор. На пример, замислете да имате виртуелна интеракција со храната на вашето мени и да добиете информација за хранливата вредност во реално време и да дознаете повеќе за ризиците, лечењето и превенцијата од болести. Со виртуелната реалност, здравјето и велнес услугите ќе ни станат поблиски и пореални.
- Асистенти на виртуелната реалност
„Асистентите“ на виртуелната реалност ќе го променат начинот на кој потрошувачите остваруваат интеракција со брендовите на социјалните мрежи како што е Фејсбук. Оваа услуга ќе помогне во создавањето на искуства за корисниците, кои вклучуваат повеќе разговори и похуман пристап отколку што е тоа можно со обична трансакција. Како што би станувала попаметна, интеракцијата преку овие асистенти на виртуелната реалност помеѓу човекот и машините, ќе стане уште полична и неизбежно е дека нема да може да се разликува од онаа помеѓу луѓето.
- Спонзорирана содржина и прилагодена реклама
Неизбежно, световите на виртуелната реалност ќе бидат мешавина од PESO комуникациите (платени – заработени – споделени – поседувани). Замислете да ја истражувате споменатата виртуелна хотелска соба, потполно сте префрлени таму, слободни да комуницирате со означените предмети и ги отклучувате скриените спогодби во рамките на своето ново искуство. Поради тоа, брендовите кои вметнуваат „скриени детали“ во истражувањата налик на игри можат да остварат подлабока врска со потрошувачите, така што ќе им понудат поттик и прилика да ги отклучуваат погодностите и попустите во рамките на своите маркирани виртуелни светови.