Емитувањето видеа во живо стана сензационален тренд во online маркетинг заедницата.
Благодарение на Facebook Live и на конкурентните социјални платформи, брендовите сега работат понапорно од кога и да е со цел да пренесат интересни и вредни видео содржини до своите потрошувачи.
Што е тоа што едно видео во живо го прави успешно и како брендовите ги користат видеата во живо во свој бенефит?
- Привлечни видеа.
Примарно би истакнале дека видеата имаат своја основна привлечност. Генералната популација преферира визуелни содржини пред пишани содржини затоа што всушност овој тип на интеракција има базична форма. Благодарение на брзиот Интернет и мобилните направи, сега повеќе од кога и да е, полесно е да се гледаат видеа и тие стануваат популарни поради тоа што се прикажуваат на онлајн медиумите. - “Моментална” вредност.
Корисниците на социјалните медиуми го сакаат чувството на следење на соддржини “во самиот момент,” а видеата во живо им ја овозможуваат таа перспектива. Наместо следење на веќе снимен настан, тие сакаат да уживаат во искуството во самиот момент кога се снима. - Корисничка вклученост и инстант feedback.
Видеата во живо овозможуваат повратни информации во самиот момент додека корисниците ја следат содржината.
Ова се однесува на прашањата и коментарите кои се споделуваат во истиот момент додека содржината се емитува што додава дополнителна вредност на самата соржина и нов тип на вклученост кој е дополнителен дел од самото корисничко искуство.
Брендови кои може да ви послужат за инспирација.
Доколку не сте сигурни како да ги научите предностите на видео содржините кои се емитуваат во живо или пак потребна ви е инспирација за сопствената кампања, погледнете ги следните одлични соржини во живо кои ги креираат следните 5 бренда кои можеме да кажеме со сигурност дека умеат да креираат видео маркетинг содржини на вистинскиот начин.
- Buzzfeed.
Buzzfeed не продава производи или пак услуги како големиот број на брендови на пазарот па затоа нема настани за лансирање на нови услуги или производи кои може да ги прикажува во видео содржините кои ги емитува во живо. Наместо тоа, овој бренд генерира профит преку рекламирање и специјализиран е за привлекување на вниманието на јавноста со своите содржини. Овој пристап сервисот го користи уште од Април уште од првиот период на емитување на Facebook Live видеата. Во едно од своите први видеа на Buzzfeed, двајца луѓе се обидуваат да откријат колку гумени ластици се потребни да се стават околу една лубеница се додека таа не пукне. Ова видео траеше дури 45 минути и без разлика на неговата содржина која е неконвенционална за еден бренд, успеа да го привлече вниманието на повеќе од 807,000 гледачи.
Зошто? Затоа што Buzzfeed си поигра со љубопитноста на своите гледачи и продолжуваше да ја ескалира тензичноста – дури и буквално во самото видео.
- Grazia UK.
Grazia е Италијански магазин, додека пак Grazia UK е интернационалната поддивизија на ова списание. Во јуни тимот на Grazia UK ги посети канцелариите на Facebook во Лондон со цел партнерство и соработка околу настани на кои им овозможи на корисниците на социјалниот медиум да се чувствуваат како да се на самиот настан.
Најуспешното видео се однесуваше на дебатата околу Brexit.
Дебатите во живо скоро секогаш се популарни, особено повеќе кога во истите се вклучуваат и гледачите во живо. Корисниците можеа да постават прашања во живо или пак на социјалните медиуми и да се чувствуваат во исто време како интегрален дел од дебатата во текот на нејзиното времетраење.
- Dunkin Donuts.
Dunkin Donuts се потппира на визулениот дел кога станува збор за продажбата на своите производи. Многу е тешко да се одолее на помислата на крофна и кафе, кога и да погледнете една таква комбинација- па затоа сосема е природно брендот максимално да ја искористи оваа можност за време на СВ. Валентин преку своите видеа во живо.
Во првите видео содржини брендот ја тесираше својата тест кујна со своуте следбеници покажувајќи им како се создаваат нови вкусови и поизводи, а во финалето креира џиновска свадбена торта инспирирана од крофна. Ова видео успеа да привлече повеќе од 36,000 гледања.
- Tough Mudder.
Tough Mudder е бренд за настани за издржливост како маратони со пречки и предизвици во кои учесниците се соочуваат со бројни физички предизвици. Во јуни Tough Mudder емитуваше видео во живо со Coach T. Mud, кој тестираше како е да се трча на еден настан за издржливост. Брендот се потпира на настани со физичка приустност на учесниците па затоа и ваквиот пристап беше одличен начин за вклученост наследбениците кои беа вклучени преку повеќе начини. Преку видео содржините брендот исто така успеа да ги промовира и своите програми за тренинг со што успеа дда направи успешен баланс помеѓу реалните содржини и промоцијата на својот бренд.
- Tastemade.
Tastemade е бренд кој прави исклучителни видеа со цел да ги инспирира апетитите на гледачите и да привлече нови корисници. Едно од поуспешните видеа беше и серијалот Tiny Kitchen кој беше серијал за подготовка на минијатурни верзии на омилената храна.
Овој серијал привлече повеќе од 3 милиони гледања, а Tastemade сеуште користи видео содржини со цел да поттикне вклученост на својата публика.
Се надеваме дека овие примери ќе ве инспирираат за вашите следни предизвици при креирање на видео содржини за настани во живо, или пак во најмала мера ќе ви обезбедат насока за приказ на најуспешните елементи кога станува збор за креирање на видео содржини во живо.
Популарноста на видеата во живо ќе продолжи да расте и понатаму, па колку побрзо ќе го прифатите овој тренд толку побрзо ќе успеете да бидете пред своите конкуренти.