Организацијата за заштита на животните PETA ја лансираше својата прва Божиќна кампања со која сака да ти поттикне луѓето да се определат за Божиќна вечера без животински продукти.
Со помош на анимациското студио Dream Farm, организацијата создаде емотивен анимиран спот во кој главен лик е слаткото мисирче Тоби. Рекламата започнува со исфрлањето на малата птица од камион упатен кон кланица, по што Тоби е вдомен од страна не едно семејство.
Сепак, до крајот на спотот останува отворено прашањето дали Тоби ќе заврши на Божиќната трпеза или покрај неа. За среќа на малата мисирка, рекламата завршува со сцена во која Тоби е седнат на трпезата заедно со сите други членови на семејството, уживајќи во веганска вечера.
Според PETA, за разлика од Тоби, 9 до 11 милиони мисирки се колат секоја година за снабдување на Божиќни вечери само во Обединетото Кралство.