Шведскиот моден бренд H&M го ангажираше американскиот комичар Пит Дејвидсон за да биде заштитното лице на нивната нова кампања “Wear that feeling” („Носи го тоа чувство“) насочена кон мажите.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција B-Reel и беше лансирана на глобално ниво на 28 април, со два телевизиски спотови и промотивни материјали во физичкиот и виртуелниот простор. Спотовите се продуцирани со помош на агенцијата Anonymous Content.
Во првиот спот го гледаме Пит Дејвидсон како чека ред на заболекар, облечен во костум. Заболекарот забележува дека Дејвидон е „преоблечен“ за ваква работа, на што комичарот возвраќа со објаснување за сериозноста со која пристапува кон своето оралното здравје.
Во вториот спот, Дејвидсон носи шарена летна кошула и пешачи покрај улица со својот пријател. Тој наслушнува како некој му вели дека неговата кошула е „добра“, по што Дејвидон му се заблагодарува на неговиот пријател, без да сфати дека гласот всушност доаѓа од папагал во автомобил кој поминува покрај нив.
Идејата позади кампањата е пренесување на чувството на самодоверба и воопшто позитивните емоции кои се поврзани со облеката, бидејќи, според H&M, мажите е поверојатно да носат облека поради таквите емоционални квалитети, отколку поради стекнувањето на некаква модна препознатливост или вреднување од околината.