Што би било доколку енергичното и динамичното секојдневие на детето се искористи како најдобар тест за издржливост на облеката? Токму тоа била идејата за кампањата на Petit Bateau и нивната агенција BETC Париз при правењето на оваа реклама.
Petit Bateau, во својата нова кампања со пораката „For serious kids“ („За сериозни деца“), претстави енергичен спот со брза музичка подлога на песната „Ça plane pour moi“ од Plastic Bertrand. Во прашање е „заразна“ песна чиј ритам пулсира со енергијата на младите. Petit Bateau во ова видео сака да го покаже изворот на својот успех: докажаниот квалитет на своите производи и љубовта спрема слободното, креативно и резиграно детство. Накратко, тоа е „облека за сериозни деца кои сакаат да живеат слободно.“
Видеото не води низ 30 тестови на издржливост, технички предизвик во 76 рамки, со користење на пет различни камери, синхронизирани со движењата на детето и со маичката. Спотот го доживуваме од перспектива и на едното и другото, момчето и маичката, па ние навистина не знаеме кој е вистинскиот херој на приказната, момчето или неговата маичка.