Францускиот производител на автомобили Peugeot соопшти дека ја избрала Accenture Song за своја нова глобална креативна агенција, почнувајќи од јануари 2024 година.
Со цел да ги задоволи потребите на потрошувачите кои постојано еволуираат и да ги поддржи своите амбиции и зацртана траекторија да биде лидер во производството и продажбата на електрични возила на европскиот пазар до 2025 година, Peugeot ги консолидираше сите свои глобални адвертајзинг комуникации, низ Европа, Блискиот Исток, Африка, Јужна Америка, Мексико и Азија-Пацифик, со агенцијата Accenture Song.
Како еден од најпривлечните автомобилски брендови во Франција, Peugeot, кој е дел од мултинационалниот производител на автомобили Stellantis, има уникатна приказна за раскажување – онаа што е проектирана во иднината. Accenture Song ќе има задача да помогне во унапредувањето на чувството на блискост и привлечноста на брендот и неговата широка линија на електрични возила меѓу новата помлада глобална публика, и тоа со креативна комуникација низ сите канали.
Првата кампања ќе биде целосно интегрирана кампања од 360 степени за новиот Electric Fastback SUV E-3008 на почетокот на 2024 година. Таа ќе биде проследена со активности поврзани со откривањето на новиот E-5008, како и натамошна комуникација која допрва треба да биде споделена со јавноста.
Accenture Song ќе му овозможи на Peugeot централно координиран и глобално изведен оперативен модел поддржан со соодветна технологија и податоци, кој што треба да обезбеди креативност од светска класа за поврзување на брендот со својата публика.
„Во последните неколку години, сведочевме драматични и брзи чекори со кои се развива автомобилската индустрија и очекувањата на клиентите. Ова брзо темпо на промени бара смели мислители, а ние сме воодушевени што ќе соработуваме со Accenture Song за да ни помогне во нашето патешествие на комплетна трансформација во електричен бренд кој поставува нови стандарди со привлечен дизајн, задоволство при возењето и технологија“ – истакнува Фил Јорк, директор за маркетинг и комуникации во Peugeot.
„Заедно, Peugeot и Accenture Song имаат за цел да направат нешто ново и различно. Peugeot има возбудлива можност во категоријата на електрични возила да ги дефинира своите производи и услуги со карактеристичен и човечки пристап, емоционално поврзувајќи се со новата генерација на возачи. Верувам дека нашиот технолошки креативен модел кој е поттикнат од нашата колективна амбиција ќе го поддржи Peugeot во визијата да стане вистинска компанија за технолошка мобилност“ – додава Дејвид Дрога, генерален извршен директор на Accenture Song.