Во време кога медицината е главна тема за дискусија, од стручни и нестручни лица, а фармацевтската индустрија доживува бум, се чини дека во маркетиншката игра најмногу се снаоѓа американската компанија Pfizer.
Во насока на промоција на своите решенија против Ковид-19 и воопшто споделувањето на своите здравствени препораки до сите ќошиња на светот, Фајзер искористи цела флота на дронови за да ги пренесе своите пораки до жителите на планинското село Баимијао во Кина.
Имено, со помош на креативната агенција F5 Shanghai, Фајзер испрати 1,000 дронови до селото Баимијао, кои влегуваа во соодветни формации за да прикажуваат симболички здравствени препораки на ноќното небо.
Со цел да нема погрешно толкување на визуелните знаци, на земјата имаше и наратор кој ја објаснуваше секоја слика и препораката која ја пренесува.
„Толку сме благодарни што ја имавме можноста да им помогнеме на Фајзер во ширењето на својот иновативен дух до далечните место како селото Баимијао. Отсекогаш сме се восхитувале на нивната иновативна употреба на технологијата во поместувањето на границите на биофармацевтските производи и затоа се надеваме дека она што го создадовме заедно оваа година беше во можност да ги промени животите на сите овие селани на подобро“ – посочи Адамс Фан, основач на агенцијата F5 Shanghai.