Сигурен сум дека се сеќавате на одличната “Thank you mom” реклама која Procter & Gamble ја лансираа на неколку часа пред почетокот на олимписките игри кога врвните спортисти се заблагодаруваа на нивните мајки за поддршката што да добивале низ годините. Тоа дефинитивно беше една од рекламите кој ги одбележаа овогодинешните олимписки игри во Сочи.
P&G овојпат, во сличен стил, на самиот крај на олимписките игри, во соработка со агенцијата Wieden & Kennedy Portland лансираше нова реклама во која оддава почит на мајките на параолимпиците за кои за неколку дена почнуваат параолимписките игри.
Рекламата е насловена како “Tough Love“ и им оддава заслужена почит на мајките кои ги поддржуваат своите деца да ги надминат физичките недостатоци и да прераснат во јаки, издржливи параолимписки спортисти.
Повторно чиста 10 !