Мрежата на медиски агенции PHD Worldwide, дел од групацијата на Omnicom, го назначи Тоби Хек како свој прв генерален извршен директор за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка (EMEA CEO).
Седиштето на Тоби Хек ќе биде во Лондон, од каде ќе менаџира со европските, блискоисточните и африкански клиенти на PHD. За своите задачи, Хек ќе одговара пред генералната извршна директорка на PHD Worldwide, Филипа Браун, и на генералниот извршен директор на Omnicom Media Group за Европа, Блискиот Исток и Африка – Гај Маркс.
Тоби Хек за прв пат се приклучи на PHD како управен директор на PHD Australia во 2010 година, а потоа напредуваше како генерален извршен директор за глобални бизниси.
Покрај назначувањето на Тоби Хек како EMEA CEO, PHD направи уште една значајна промена во својот лидерски тим со назначувањето на Кристијан Флоук глобален директор за клиенти. Претходно, Флоук ја извршуваше функцијата на глобален претседател на PHD за алкохолниот бренд Diageo.