Компаниите Philip Morris International и Altria Group се во преговори за спојување, со што после повеќе од една деценија би дошло до повторно соединување на тутунските гиганти.
Како што објави агенцијата Ројтерс, акциите на Altria во раното тргување пораснаа за 8,0 проценти, додека акциите на Philip Morris International паднаа за 6,0 проценти.
Со нивното соединување би била формирана компанија со пазарна вредност од над 200 милијарди долари. Од 2008 година, компанијата Philip Morris е одвоена од составот на Altria Group.