Во изненадувачко интревју дадено за британскиот весник Daily Mail, генералниот извршен директор на производителот на пушачки производи Philip Morris International, Јацек Олчек, посочи дека компанијата планира целосно да престане со продажбата на цигари во Обединетото Кралство веќе во следните 10 години.
Целта на компанијата е постепено да го замени производството и продажбата на класични тутунски цигари со други пушачки алтернативи, како електронски цигари и цигари на пареа. Ова се поклопува со заложбите на британската влада да ја „ослободи“ државата од пушењето цигари до 2030 година.
Според Business Insider, алтернативните пушачки производи имале удел од 30% во вкупните продажби на Philip Morris во вториот квартал на 2021 година, а компанијата се надева дека таа бројка ќе порасне до 50% до 2025 година.
„Откажувањето е најдобра опција, но за они кои не можат, науката и технологијата им овозможија на компаниите како нашата да создадат подобри алтернативи за пушењето. Охрабрувањето на луѓето кои не се откажуваат да се префрлат на овие подобри алтернативи, заедно со силната регулација, ќе помогнат во решавањето на проблемот со цигарите еднаш и засекогаш“, истакнува д-р Мојра Гилхирст, директорка за глобални научни комуникации во Philip Morris International.