Според статистичките податоци 85% од Македонците наутро се будат со кафе и како народ сме особено познати по тоа што сакаме долго да уживаме додека го конзумираме овој волшебен напиток. За маркетерите пак се вели дека 4-5 кафина до кај 12:00 часот се за загревање :)
Новата кампања на Julius Meinl во Скопје нуди единствена и уникатна можност, кога наместо сметка за кафе, скопјани ќе добијат лист хартија и пенкало за да напишат поема, со која ќе си го платат пијалокот. На ваков начин ќе се создаде прекрасна синергија на уживање и креативност.
Еден од најпознатите произведувачи и дистрибутери на кафе “Julius Meinl“, за Денот на поезијата, 21 март, ги предизвикува граѓаните да дојдат на една од трите локации низ Скопје, Дион на Кеј, Наргиле во Скопска Чаршија и Паладиум во Капиштец и да дозволат нивната поетска инспирација да им го плати цехот :)
Поетите Елена Пренџова, Ксенија Николова, Билјана Стојановска, Ѓоко Здравевски, Наим Иљази Пари и Даниел Карески, на сите присутни ќе им помогнат да ја напишат нивната поема.