Социјалната мрежа Pinterest ја објави својата палета на бои за 2025 година, составувајќи колекција од пет нијанси за кои се предвидува дека оваа година ќе имаат големо влијание во модата, дизајнот и пошироко.
Прва на листата е „црешовата црвена“ (Cherry Red), смела нијанса поврзана со естетиката „Cherry Coded“ која се здобила со голема привлечност кај помладата публика.
По неа доаѓа „путеровата жола“ (Butter Yellow) – мек и разигран тон застапен во естетските трендови како „Dolled Up“ и „Fisherman Aesthetic“, кои ја нагласуваат носталгијата и топлината.
Следна е бојата „аура индиго“ (Aura Indigo), која претставува длабока и мистична нијанса на сино што го одразува растечкиот интерес за естетските трендови „Sea Witchery“ и „Aura Beauty“, каде што се спојуваат небеските и океанските елементи.
Како четврта се наметнува „копаровата зелена“ (Dill Green), која се вклопува во тековната фасцинација на социјалните мрежи со киселите краставички.
Палетата ја комплетира бојата на „алпскиот овес“ (Alpine Oat), неутрална нијанса поврзана со темите на „Peak Travel“ и „Moto Boho“, одразувајќи ги преференците за стилски минимализам.
Изборот на боите се заснова целосно на ангажманот и пребарувањата на корисниците на Pinterest, служејќи како водич за дизајнерите, брендовите и креаторите на содржини кои сакаат да ја усогласат својата естетика со она што одекнува на социјалните мрежи.