Социјалната платформа за споделување слики Pinterest соопшти дека ќе ги отстрани и забрани сите реклами поврзани со губењето на телесна тежина. Претходно, компанијата ги имаше забрането рекламите кои промовираат пилули за губење тежина, липосукција, процедури за согорување на масти и содржини за засрамување според тело.
Покрај забраната на реклами поврзани со губењето на тежина, платформата ги забранува и сите содржини кои промовираат слики или јазик повзран со губењето на тежина, вклучувајќи ги и оние кои реферираат кон Индексот на телесна маса (Body Mass Index) и слични теми.
Корисниците исто така нема да смеат да ги споделуваат своите приказни и искуства поврзани со губењето на телесна тежина, вклучувајќи и слики кои критикуваат или пак идеализираат одредени типови на тела.
И покрај новите ограничувања, огласувачите сепак ќе можат да промовираат производи и услуги поврзани со фитнест и здрави животни навики, меѓутоа губењето на тежина не смее да биде фокусот на таквите содржини.
Компанијата исто така посочи дека ќе се потруди да акцентира содржини кои се однесуваат на „телесната позитивност“, „телесната неутралност“ и „телесното прифаќање“.
Иако Pinterest е првата голема социјална мрежа која ги забранува сите реклами поврзани со губењето на тежина, поедини чекори во таа насока се превземени и од други платформи како Facebook и Instagram.