Платформата за споделување слики и социјална мрежа Pinterest лансираше нова глобална кампања за промоција на нивниот пакет услуги наменети за огласувачите кои сакаат да ги претворат корисниците во купувачи.
Кампањата насловена “The P is for Performance” („П е за перформанси“) се состои од четири хумористично-акциони спотови во кои две хероини избегнуваат опасности и разговараат за тоа како огласувачите копнеат за платформа базирана на перформанси која може да ги зголеми стапките на конверзија и да го зголеми сообраќајот.
Имено, во кампањата се тврди дека Pinterest бележи дури 28% зголемување на конверзиите и до 96% зголемување на сообраќајот за своите огласувачи, а услугите кои се истакнуваат се: “Mobile deep links”, “Direct links”, “API for Conversions” и “Shopping ads”.
„Инспирирани од естетиката на иконичните акциони филмови, сакавме да ја раскажеме нашата приказна за огласување со перформанси на начин кој го може само Pinterest – со издигнат стил и елемент на неочекуваното. Се одлучивме за кинематографски пристап и ангажиравме исклучителни таленти од филмската индустрија за да создадеме високо-акциона приказна која ги пробива конвенциите на B2B маркетингот“ – објаснува Ксанте Велс, потпретседателка за глобална креативност во Pinterest.
Кампањата е развиена од страна на внатрешниот креативен тим на Pinterest, а спотовите се режирани од страна на Тим Годсал.
Рекламите може да се гледаат на следниот ЛИНК.