Малата пивара од Ново Место во Словенија „Комунајзер“, на пазарот лансираше мала серија на светло пиво „Тито“ и горко пченично пиво „Јованка“, што во Словенија отвори полемика дали треба некогашниот југословенски претседател да се „слави“ и од каков карактер било неговото владеење.
Имено, оваа пивара на Фејсбук профилот објави фотографија од овие две пива во трговскиот ланец Лидл и се пофали дека добро се продаваат.
По повод „Денот на пивото“, пред неколку денови, овие пива беа дел од презентацијата „kraft“ која опфаќа околу 50 мали серии кои ги нудат микропиварите во Словенија.
На обвинувањата дека сака да ги развесели југоносталгичарите, Лидл соопшти дека не сака да ги подига политичките емоции помеѓу потрошувачите и дека не сака политика во својата работа, бидејќи кај нив купуваат и „леви“ и „десни“.