ОГЛАС ЗА РАБОТА: МАРКЕТИНГ-МЕНАЏЕР ЗА БЕЗАЛКОХОЛНИ ПИЈАЛАЦИ / ПИВАРА СКОПЈЕ
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи и наменски обуки.
Што е тоа што бараме:
Висока стручна подготовка ВСС
Најмалку 5 години работно искуство во областа на маркетингот или најмалку 2 години искуство во FMCG-индустријата
Мотивација за работа во динамична работна околина и работа во тим
Добри комуникациски и организациски вештини, добри аналитички способности
Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
Одлично познавање деловен англиски јазик
Одлично познавање MS Office (Excel, Word, Power Point)
Краток опис на основните одговорности:
Планирање, организирање, координирање и контролирање на сите дефинирани BTL маркетинг-активности поврзани со категоријата безалкохолни пијалаци, со цел да се одржи профитабилен раст на категоријата. Одговорност за процесот на идентификување можности за пораст на пазарот на постоечките производи и на нови производи во категоријата безалкохолни пијалаци.
Одговорен за развој на годишни планови за работа во категоријата на безалкохолни пијалаци, спроведува процес на анализа на трендови во индустријата на безалкохолни пијалаци, соработува со тимот за развој на продажните канали, TCCC и Секторот за продажба и дава предлози за дефинирање на стратешките приоритети, го координира процесот на планирање;
Креира и имплементира договорени програми (наградни игри и сл.) или ги обезбедува потребните рекламни материјали за спроведување на промотивните настани;
Одговорен за развој на стратегијата и годишниот план за маркетинг-активности и усогласување со TCCC, како и со тимот за развој на продажните канали. Управува со годишниот бизнис-план и ги имплементира активностите од маркетинг-календарот поврзани со категоријата безалкохолни пијалаци;
Идентификува можности и дава идеи за подобрување на производите, за позиционирање на пазарот, за комуникација со клиентите и обезбедува промотивни активности врз основа на анализа и следење на пазарот и податоците; Создава ефикасни начини за подобрување на процесите и процедурите во рамките на својата област на одговорност;
Го поддржува и го управува процесот на собирање идеи за развој и иновации, во и надвор од рамките на сопствениот тим.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Минималната основна бруто-плата за ова работно место е 60.000 МКД. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од максимум 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со испраќање на оваа апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации може да аплицираат ТУКА, најдоцна до 13.01.2016.