Бугарскиот бренд на пиво „Пиринско“, дел од портфолиото на Carlsberg, започнува иницијатива за чистење на Пирин и остантите планини во државата.
Препознатливо по слоганот „Свежина од планината“, пивото „Пиринско“ во својата комуникација често ги истакнува планините и планинскиот туризам, па една ваква акција е сосем доследна на нивниот бренд идентитет.
„Пиринско“ ги охрабрува луѓето да го собираат ѓубрето на кое ќе наидат при нивните планински прошетки во текот на месецот август и потоа да го оставаат на однапред определени пунктови за таа намена. Во замена за собраното ѓубре, брендот ќе им доделува награди – свежо „Пиринско“ или планинарска метална чаша.
Собраното ѓубре потоа ќе се рециклира и повторно ќе се икористи за подобрување на планинските еко-патеки и места за рекреација.
Во реализацијата на кампањата учествуваат повеќе агенции, вклучувајќи ги креативната агенција Noble Graphics, дигиталната агенција Human, агенцијата за below-the-line маркетинг 121, медиската агенција Initiative и агенцијата за односи со јавноста United Partners.