Брендот на пица Pizza Hut и брендот на поховано пилешко KFC ги здружија силите со цел да ја лансираат заедничката „пица со пилешко и пуканти“ (“Popcorn Chicken Pizza”) на британскиот пазар, која наводно е толку добра што може да го руши интернетот.
Имено, новата пица го има класичното крцкаво тесто на Pizza Hut, премачкано со оригиналниот сос на KFC и збогатено со моцарела, слатка пченка и секако – препознатливото поховано пилешко во пченка од KFC.
Пицата ќе биде достапна само ограничен период, до 14 март, а ќе може да се нарачува преку сервисот за достава на Pizza Hut или онлајн, за територијата на Обединетото Кралство.
Со цел промоција на специјалната понуда, беше лансиран и тотално надреален рекламен спот во кој главен лик е бренд амбасадорот на Pizza Hut, Паркер Џ. Патерсон. Рекламата е полна со референци кон филмот The Matrix, гејмингот и танцовите на социјалната мрежа TikTok.
Промотивната кампања е поддржана и со активности на TikTok и Instagram, вклучувајќи и нов танцувачки предизвик на песна за Pizza Hut и KFC од Пери Киели.
Кампњата е создадена со помош на креативната агенција Iris и продукциската куќа Biscuit Filmworks.